20 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

„BMW M“ забележа рекорд според продажбата

Најчитани вести

Проблемите во индустријата не успеаја да ја запрат спортската поделба на Баварците.

Спортската дивизија на „BMW – M GmbH“ објави рекордна продажба за изминатата 2020-та година, и покрај огромните проблеми кои ја засегнаа глобалната автомобилска индустрија.

За време на падемијата предизвикана од Ковид-19, која го запре производството и значително ја намали побарувачката за нови автомобили, „BMW M“ продаде 144.218 примероци, што е раст од 6% во споредба со 2019-та година. И ова главно се должи на неколку нови модели кои компанијата ги претстави.

Сè започна со лансирање на кросоверите „X5 M“ и „X6 M“, кои во својата конкурентна верзија развиваат 625 ks. Баварскиот производител ги лансираше и новите „M3“ и „M4“, а важна улога во успехот имаше и „BMW M2 CS“, кој е меѓу најимпресивните модели на марката.

„Фактот што успеавме да ја завршиме оваа исклучително тешка година со уште еден нов рекорд е потврда за нашата постојана стратегија што води кон раст на продажбата“, рече Маркус Флеш, претседател на Управниот одбор на „BMW M GmbH“.

Компанијата објави зголемена побарувачка за „М“-моделите на поголемите пазари како што се САД, Кина, Русија, Кореја, Италија и Велика Британија. Во „BMW“ се убедени дека успехот се должи на фактот што компанијата успева да ја пренесе „ДНК“-та од мото-спортовите во своите „патнички“ автомобили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести