16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

BMW по воздух пушта нов софтвер до 1,3 милион возила

Најчитани вести

Денес почнува вчитувањето нов софтвер во 1,3 милион возила на BMW што користат оперативен систем 7.0.

Возачите на новите автомобили BMW уште од 2018 година ја уживаат привилегијата, нивниот автомобил да добива нов софтвер буквално по воздух, без потреба да се посетува сервисна работилница или да се презема каков било дополнителен чекор.

Уште четири големи пазари на BMW од денес се интегрирани во Amazon Alexa. Со тоа се опфатени вкупно 1,3 милион возила на баварската марка, што отсега ќе добиваат најнов софтвер исто како што тоа се случува кај телефоните. Меѓу промените во новиот софтвер е можноста одредиштето за навигацијата да се внесе традиционално во BMW Maps.

Далечинската дистрибуција на нов софтвер е освежување на Оперативниот систем 7.0 на BMW, кој сега работи во верзијата 21-03. Дистрибуцијата почнува денес во Германија, а понатаму постепено ќе се врши на останатите пазари на коишто е достапен BMW Connected Drive. Повеќе од 20 модели на BMW ќе добијат нов софтвер.

На корисниците им стојат на располагање бројни функции на Alexa што ги имаат и во домот. Меѓу нив се составување листа за шопинг, читање вести или слушање музика. Исто може и компатибилните уреди во домот да се управуваат од возилото. BMW Operating System 7 досега беше достапен за возила во Германија, Австрија, Велика Британија, Шпанија и Италија. Новите четири пазари се Франција, САД, Канада и Бразил.

Возилата што се произведени по март годинава веќе го имаат фабрички вградено новиот софтвер. За вчитување се потребни најмногу 20 минути.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести