Очекувано, новиот M3 ќе ја користи основата на неодамна прикажаниот концепт познат како Neue Klasse. Во исто време, од BMW потврдија дека работат на целосно електричен М3, кој ќе биде лансиран за најмногу четири години, односно до 2027 година.
Како што пренесува Carsales, информацијата ја потврдил лично директорот за развој Френк Вебер, кој оваа недела учествуваше на медиумската промоција на BMW i5 во Португалија. Во таа прилика тој потврди и дека платформата е развиена да прифаќа погон со четири електромотори и вкупна моќност од 1 MW.
Вебер не потврди недвосмислено дека новиот М3 сигурно ќе има 1000 kW, односно 1360 КС, но сосема е сигурно дека новиот М3 ќе има електричен погон.
„Сакаме да дојдеме со нешто што покажува дека Neue Klasse е веќе многу амбициозен. Но, ова е нешто многу повеќе од она на што се навикнати луѓето денес. Ова ќе дојде со М3 и нема да биде премногу далеку од првичното лансирање на Neue Klasse како производна линија“, рече Вебер.
Вебер јасно кажа дека и електричниот М3 ќе биде вистински М3 по возни карактеристики, а единственото место каде што ќе биде лишен е звукот. Но, има и изненадување, а тоа е дека електричниот М3 има задача да ја прошири понудата, што значи дека бензинецот М3 со шестцилиндарецот S58 3.0 ќе коегзистираат до понатамошно известување.
„Тоа е убав мотор, ние дефинитивно ќе го направиме овој способен за Еуро 7 и други работи, така што тоа ќе се случи. Нема да имаме две различни класи – ќе има коегзистенција на решенија на пазарот, што е неопходно“, заклучи Вебер.