17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

BMW и Daimler заеднички развиваат автономни технологии!

Најчитани вести

Баварците (BMW) и „Швабите“ (Daimler) многу тесно соработуваат во креирањето на новата генерација на автономна технологија во патничките автомобили што на сцена треба да се појави до 2024 година

Двете компанија уште во фебруари го објавија своето партнерство за развој на автономни возилаод следната генерацијаа сега, најавија договор за долгорочна соработка на тоа поле.

Официјалното соопштение на двете компании гласи: „ ќе се фокусира на заеднички развој на технологии од следната генерација за системи за помош на возачот, автоматско возење на автопати и автоматизирано паркирање (сите до SAE ниво 4).

Покрај тоа, се планираат понатамошни разговори за проширување на соработката на повисоки нивоа на автоматизација во урбаните средини и градските центри.“

Двата автомобилски гиганта се стремат кон брзо лансирање на пазарот на технологијата од следната генерација, велејќи дека се очекува во патничките автомобили да се имплементираат системи за приватни клиенти од 2024 година.

Таа технологија, како што може да се очекува, ќе се спроведува во моделите и на двата производители.

Пред да го објават своето автоматизирано партнерство претходно годинава, BMW и Daimler објавија и партнерство за електрична мобилност вредно една милијарда долари, со фокус на полнењето, споделувањет (car shearing)  на возилата.

Најнови вести