21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

BMW има посебна амбиција – 3 милиони продадени автомобили годишно до крајот на деценијата

Најчитани вести

Во периодот кога пандемијата и натаму влијае врз автомобилската индустрија, а негативни последици се чувствуваат и од други проблематични ситуации како недостигот на чипови, BMW има посебна амбиција која треба да ги мотивира вработените.

Последната изјава на предводникот на BMW Group, Оливер Ципсе, потврдува дека баварскиот гигант планира до крајот на деценијата да стигне од годишна продажба на 3 милиони автомобили.

Во 2020 година која беше целосно во знакот на коронавирусот, BMW на глобално ниво продаде 2,3 милиони автомобили, годинава се очекуваат најмалку 2,5 милиони, но Ципсе верува дека границата може да се померува и да стигне до 3 милиони.

– Сакаме да испорачаме 3 милиони автомобили во една година до крајот на деценијата. Најдобро би било кога со постојан раст би стигнале до таа бројка некаде до 2029 година, – изјавил Ципсе за германските медиуми.

Еден од приоритетите на групацијата е добивање на дуелот на носечкиот бренд BMW со Mercedes, нешто што засега оди на страната на ривалот од Штутгарт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести