33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

BMW има „арт автомобили креирани со вештачка интелигенција

Најчитани вести

Уметничките автомобили не се ништо ново и постојат со децении, но BMW сега им дава едно високо технолошко унапредување нарекувајќи го „ултимативно AI ремек-дело“…

Новите уметнички автомобили на Баварците се креирани со вештачка интелигенција, а оттаму и називот за „ултимативни AI (Artificial Intelligence) ремек-дела“, кои ќе дебитираат како дел од виртуелната уметничка инсталација во соработка со Frieze New York 2021.

Автомобилите се креирани во партнерство со креативниот технолошки експерт Нејтан Шипли и уметничкиот колекционер Гери Јех.

За креирањето на овие уметнички автомобили користен е StyleGAN софтверот со вештачка интелигенција на Nvidia со цел да се направи „вкрстена референца на над 50.000 слики на уметнички дела опфаќајќи 900 години историја на уметност и сет од 50 дела на познати и нови современи уметници со кои BMW работел во изминатите 50 години“.

Овие парчиња се користени за да се научи вештачката интелигенција околу уметноста, по што потоа се создадени нови дизајни.

Резултатот на овој дизајн е микс на класичен и современ стил и истиот е проектиран на виртуелна изведба на BMW Серија 8 Gran Coupe.

Можеби не станува збор за физички уметнички автомобили на кои сме навикнати, голем дел од овие дизајни се навистина привлечни и претставуваат навистина интересен продукт.

„За време на необичното изолирано време во историјата, ја искористивме шансата да работиме со артисти од целиот свет со цел да им дадеме на гледачите вистинско уметничко искуство преку дигитални канали.

Беше навистина возбудливо да се поместат границите на уметноста, да видиме како технологијата може да влијае во светот на уметноста во годините кои доаѓаат и сето тоа да се изгради врз 50-годишна културна соработка во BMW“, изјави Гери Јех.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести