17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

BMW го прекинува производството во неколку фабрики во Европа

Најчитани вести

Германскиот производител на автомобили BMW најави дека следната недела ќе затвори неколку производствени линии во Европа поради прекини во синџирот на снабдување предизвикани од војната во Украина.

Производството ќе запре во погоните во Минхен и Динголфинг во Германија, во Австрија, Англија и Холандија. BMW прекинот го објаснува со прекинот на испораката на кабли од Украина, додавајќи дека првично ќе трае една недела, а засега е нејасно што ќе се случи потоа.

Во Лајпциг, погоните ќе работат само во една смена, исто како и фабриката во Регенсбург, но поради недостиг од полупроводници. Во главната фабрика во Минхен, прекинот на производството ќе влијае на околу 7.000 вработени, а во најголемата фабрика на BMW во Европа, онаа во Динголфинг, на околу 10.000 работници. BMW произведува околу 10.000 автомобили неделно во овие фабрики.

Фабриките на BMW во Кина, САД и Мексико имаат други добавувачи, така што тие не се засегнати, вели портпаролот на компанијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com