5 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

BLU G9 Pro: Ривал на Moto G7 со одлични спецификации и ниска цена!

Најчитани вести

BLU дефинитивно нуди едни од најмоќните, најбрзите и најелегантни уреди со цени од 200 до 300 долари. Пред неколку дена, компанијата го претстави својот нов смартфон:

BLU G9 Pro има стаклена конструкција во сина нијанса позната како “Nightfall.” На предниот дел ќе биде придружен од 6.3 инчен панел со резолуција од 2340 x 1080 пиксели и V notch. Интересно е што компанијата не се плаши да го претстави овој уред како директен ривал на Moto G7 со неговиот моќен процесор, висок тело-дисплеј сооднос, квалитетни камери и голема батерија.

Кога сме кај процесорот, станува збор за MediaTek Helio P60, придружен од батерија со 4,000mAh, 4GB RAM и 128GB меморија. Истотака, има три сензори од задната страна со 16, 5 и 20 мегапиксели, а селфи камерата е од 24 мегапиксели. Има скенер за отпечатоци, но и Face ID технологија.

Неговата цена е само 250 долари.Извор:gsm.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести