Home » Блокиран граничниот премин Меџитлија, протестираат грчките земјоделци

Блокиран граничниот премин Меџитлија, протестираат грчките земјоделци

by Журнал

Граничниот премин Меџитлија нема да биде во функција денес од 11 до 17 часот по македонско време, причината е што грчките земјоделци ќе го блокираат преминот Ники кој се наоѓа на грчка страна.

– “Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила, известува МИА.

Деновиве земјоделците од северозападна Грција со тракторите протестираа без целосно затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница од 11 до 17 часот, од грчкото село Ники, ќе биде затворен кон внатрешноста на Грција.

Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More