Home » Блиска личност на Тоше која сите овие години молчела, за првпат јавно ќе се огласела во четврток, најавена специјална емисија по повод роденденот

Блиска личност на Тоше која сите овие години молчела, за првпат јавно ќе се огласела во четврток, најавена специјална емисија по повод роденденот

by Журнал

По повод роднеденот на легендарниот поп пејач Тоше Проески, на 25-ти јануари, естрадниот магазин „Бекстејџ“ подготвил емисија посветена на него, а во која ќе се појавеле повеќе личности кои со него соработувале професионално.

Но, како што информираат од магазинот, во специјалната емисија за Проески – „Дали времето лечи се?“, за првпат ќе се огласела и личност која сите овие години молчела, а имала што да каже.

– За Тоше ќе зборуваат личности со коишто има соработувано професионално, но и личност која сите овие години молчеше, а имаше што да каже и му беше еден од ретките вистински пријатели којшто тој ги имаше во својот живот – наведено е во најавата.

Изданието ќе се емитува на ТВ Телма во 17.55 часот на 25-ти јануари, и веќе го привлече вниманието на јавноста.

Да беше жив, годинава Тоше ќе наполнеше 43 години. Тој трагично го изгуби животот во сообраќајна несреќа на 16-ти октомври 2007 година, во Хрватска.

Посмртно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а денот на неговиот погреб, 17-ти октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Неговите песни и до денес се доста актуелни и се вртат во етер, а се изведуваат и на многу настани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More