Home » Блинкен во важна мисија на Блискиот Исток: се надева на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Блинкен во важна мисија на Блискиот Исток: се надева на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

by Журнал.мк

Американскиот државен секретар Антони Блинкен оваа недела ќе го посети Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот.

Неговата посета е во рамки на напорите на Вашингтон да посредува за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа за да се овозможи ослободување на заложниците земени од палестинската милитантна група.

„Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази надеж дека ќе биде договорен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и ослободување на заложниците кои ги зеде палестинското исламистичко движење во нападот врз еврејската држава на 7 октомври“,соопштија од Стејт департментот.

Тој предупреди дека „100 отсто“ од населението на Појасот Газа е во „ситуација на сериозна несигурност и недостаток од храната“.

Блинкен ќе ги посети Саудиска Арабија и Египет и ќе се сретне со високи претставници на двете земји.

Обезбедувањето поголема хуманитарна помош за Газа, како и разговорот за повоениот план за енклавата, ќе бидат меѓу темите за кои ќе разговара со саудискиот и египетскиот функционер.

Блинкен моментално присуствува на самитот за демократија во Јужна Кореја и ќе се сретне со министерот за надворешни работи и со претседателот на Филипините.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More