Блејк Лајвли летово се породи во тајност и роди ќеркичка, чие име сè уште не ѝ е познато на јавноста.
После породувањето таа вешто се криеше од папараците, па фотографијата што ја објави на Инстаграм предизвика вистинско воодушевување меѓу нејзините фанови.
Глумицата објави фотографија од њујоршкиот Музеј за сладолед, во кој нејзината постара ќерка го прославила петтиот роденден.
Под фотографијата напиша: „Сега сфаќам зошто сите врескаат“, а за кратко време доби повеќе од два милиони лајкови.
Насмеана е и изгледа дека ужива во времето што го поминува со децата, а многумина прокоментираа дека изгледа подобро отколку пред бременоста.