Home » Бизнисот на Задоволството во Венецуела

Бизнисот на Задоволството во Венецуела

by Журнал

Дебитанскиот филм на Гоце Цветановски ја продолжува успешната фестивалска кариера.

После дваесетина селекции и 5 награди во 2023, политичкиот трилер кој ја третира темата на трговија со жени годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на FICMARC – Caribbean Sea International Film Festival кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари.

Ова е трет пат филмот да игра во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а продуценти се Богдан Јончевски, Дритон Рамадани и Гоце Цветановски.

Бизнисот на Задоволството е поддржан од Агенцијата за Филм, а македонската публика напролет конечно ќе може да го види и во кино салите кај нас.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More