Home » Битолската болница се оградува од докторот кој беше фатен дека зема мито

Битолската болница се оградува од докторот кој беше фатен дека зема мито

by Журнал.мк

Директорката на Клиничката болница во Битола, Ненси Лозанче, во име на јавната здравствена установа се огради од постапката на лекарот кој е уапсен поради примање поткуп.

Во соопштението на директорката, што го пренесе МИА, се вели дека Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ е запознаена со случајот од страна на Секторот за внатрешни работи Битола и дека ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито.

„Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која форма“,се вели во соопштението.

Како што се додава, веднаш е спроведена постапка за смена на докторот од раководна позиција и негова суспензија додека трае постапката на истражните органи.

Осомничениот доктор бил началник на хируршкото одделение во болницата.

„Итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, според важечките законски прописи“,наведуваат од Битолската клиничка болница.

Хирургот најпрвин ги побарал парите на пациентот, кој подоцна случајот го пријавил во полиција и синоќа лекарот бил фатен со бележани пари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk