Home » Битиќи вели дека просечната плата ќе биде 1300 евра, ама кога ќе влеземе во ЕУ

Битиќи вели дека просечната плата ќе биде 1300 евра, ама кога ќе влеземе во ЕУ

by Журнал.мк

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за „Слободен печат” вели дека платата ќе биде 1300 евра во првата година откако ќе влеземе во ЕУ. Тој посочи дека тие како партија предвиделе просечната плата да изнесува 1100 евра до 2028 година.

„Тоа се истите анализи со кои во 2020 предвидовме дека просечната плата во 2024 ќе биде 34.000 денари. Таа денес е 40.000 денари, иако годината не е сè уште завршена. Затоа велиме дека при самиот влез во ЕУ просечната плата ќе достигне 1.300 евра. Тоа е нешто што секој граѓанин го заслужува да го добие. Разликата меѓу нас и ВМРО ДПМНЕ е што ние ветувањата ги испорачуваме во пракса”, рече потпретседателот потпретсетаделот на партијата, Битиќи.”

Тој се осврна и на предизборното ветување на СДСМ за тоа што ќе се случува со минималната плата до 2028 година и по влезот на државата во ЕУ.

„Кога зборуваме за платите велиме дека минималната плата во државата веќе во 2028 година ќе биде на ниво од 600 евра, и тоа е нешто кое сметаме дека е квантен скок, кој што ќе донесе навистина праведен и правичен и солидарен начин, на вреднување на трудот во државата. Но, притоа одиме уште еден чекор понатаму и велиме, со влезот во Европската унија, минимална плата ќе биде 800 евра”, рече во интервјуто потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More