Home » Битиќи: Тоа што досега сум го направил за државата, за општеството, во СДСМ ме прифаќаат како еден од другарите, рамноправен

Битиќи: Тоа што досега сум го направил за државата, за општеството, во СДСМ ме прифаќаат како еден од другарите, рамноправен

by Журнал

„Јас сум навикнат да се борам во животот и да докажам дека моето етничко потекло нема да биде во мојот живот пречка за да докажам дека ме бива за нешто и да ме прифатат луѓето како човек кој што се вика Фатмир. И сметам дека со тоа што досега сум го направил за државата, за општеството, во СДСМ ме прифаќаат како еден од другарите, рамноправен,“ посочи потпретседателот на СДСМ и потпретседател на Владата на РСМ, Фатмир Битиќи на поткастот„Политиканти“ на Слободен Печат ТВ, на прашањето : Како е да се биде Албанец во СДСМ?

Тој притоа направи споредба со тоа дека е роден во скопската населба Тафталиџе во 1975 година, кога бил единствен Албанец.

„Во општеството, не сме навикнати да имаме другари кои што едноставно можат да кажат дека ја чувствуваат оваа држава како своја татковина, дека ќе работат за подобра татковина, дека на тој пример треба да се угледаат децата,“ рече Битиќи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More