Home » Битиќи: СДСМ дава отчет пред граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ пред лидерот на партијата

Битиќи: СДСМ дава отчет пред граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ пред лидерот на партијата

by Журнал.мк

Градоначалникот треба да даде отчет пред своите граѓаните, затоа што граѓаните го избираат, а не пред лидер на политичка партија и тоа што го видовме вчера од ВМРО-ДПМНЕ, за жал наликува на едни неодамнешни времиња, каде група функционери избрани од граѓаните наместо да излезат пред граѓаните и да кажат што сработиле, излегуваат пред својот лидер за да кажат што сработиле, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи, во емисијата „24 анализа“, на телевизија 24.

Тој нагласи дека СДСМ го избира вториот пат, а тоа е отчетот да го дава пред оние кои што ги имаат изгласано.

Секој еден функционер, односно градоначалник го дава отчетот на локално ниво пред своите граѓани, за што е сработено и ако не е сработено во 100-те дена според ветувањата, да каже зошто тоа не е направено, дали има оправдани или неоправдани причини и тоа е суштинската разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што вчера ја видовме, нагласи Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи, потенцираше дека на никој не му оди во прилог да се оди назад и да се заборават воспоставените демократски вредности на транспарентност и отчетност, кои се поставија во изминатите 5 години.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More