Home » Битиќи нема да се кандидира за лидер на СДСМ: Дали е на повидок промена на партијата?

Битиќи нема да се кандидира за лидер на СДСМ: Дали е на повидок промена на партијата?

by Журнал.мк

Пораншениот потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи со објава на социјалните мрежи по последните актуелности во неговата партија вели дека нема повторно да се кандидира за прв човек на оваа партија. Битиќи најави дека нема да се кандидира за наследник на Димитар Ковачевски. Тој вели дека сака да ја спречи „понатамошната фрагментација и поларизација меѓу членството“.

Битиќи во мистериозна објава пред 20-ина дена вели дека нема да се откажел од политиката додека нема да направи промена.

Дали е на повидок промена на политичката партија?
Оттука, се отвора прашањето кои се аспирациите на Фатмир Битиќи. Една од можните варијанти е тој да остане во СДСМ и да се бори да ја реформира истата, но од друга страна кружат шпекулациите дека е можно да се префрли во албанските субјекти, ДУИ и ВЛЕН. Останува да видиме на кој чекор ќе се одлучи Битиќи, иако еден од можните чекори е префрлање во идниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН.

Се погласни се шпекулациите дека во собранието засега ќе дејствува независно, а отпосле ќе премине во ВЛЕН.

На самата објава која ја објави Битиќи пак, има поддршка од членови на СДСМ што дополнително отвора нови прашања за кој ќе биде идниот чекор на поранешниот вицепремиер и заменик претседател на СДСМ.

Разни шпекулации низ претходните месеци
Претходно, за Фатмир Битиќи имаше шпекулации дека ќе биде технички премиер на државата, но на истата позиција беше Талат Џафери. Исто така, можно беше тој да биде и претседателски кандидат на СДСМ, но партијата се одлучи да оди одново со Стево Пендаровски.

„Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“, напиша тој на социјалната мрежа Фејсбук на македонски и албански јазик.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More