Home » Битиќи: Кога се обидувате да централизирате одредени процеси, тоа се случува пораз

Битиќи: Кога се обидувате да централизирате одредени процеси, тоа се случува пораз

by Журнал.мк

Фатмир Битиќи пратеник од СДСМ во емисијата 24 анализа во однос на неодржувањето на конгресот рече дека тој бил започнат и имало излагање на партијата и шефот на изборниот штаб и се избрало работното раководство и се побарало дополнитено време.

– Следната точка според сценариото требаше да се конституира верификационата комисија која ќе не известеше за имање или немање на кворум. Конгресот ќе продолжи кога општинските организации ќе речат дека имало доволно време да го видат извештајот. Како партија секако дека имаме внатрешни избори и избор на претседател и активна регистрација на гласачите. На 30 јуни ќе имаме ден за избор на претседател. Во извештајот има низа на причини за поразот на партијата на изборите, и тоа е одалечувањето од базата, а тоа се членовите. Кога се обидувате да централизирате одредени процеси, тоа се случува. Затоа имаме отчетен конгрес и идоволен период да се соземеме како партија. – рече Битиќи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk