Home » Битиќи: Формирањето на мешовита комисија за интеркултурализам со Црна Гора ќе ги унапреди односите помеѓу двете држави

Битиќи: Формирањето на мешовита комисија за интеркултурализам со Црна Гора ќе ги унапреди односите помеѓу двете држави

by Журнал.мк

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски се сретнаа со д-р Људмила Мила Поповиќ, в.д. генерален директор на Директорат за интеркултурализам при Министерство за човекови и малцински права на Црна Гора.

На средбата се разговараше за формирање заедничка владина комисија за интеркултурализам и општествена кохезија меѓу Северна Македонија и Црна Гора, што се оцени дека ќе претставува дополнително унапредување на одличните политички односи помеѓу двете држави.

Се разговараше за значењето на вредностите и принципите на интеркултурализмот и за потребата од нивно ширење помеѓу и во земјите од Балканот, при што заеднички беше оценето дека тие може да дадат позитивен допринес за зајакнување на безбедноста, соработката и општествената кохезија.

Вицепремиерот Битиќи ги посочи позитивните македонски искуства, како држава која прва има донесено и реализирано национална стратегија, за периодот 2020-2022, а во февруари 2024 донесе и нова, со втор тригодишен циклус, стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија со која се промовира нашиот оригинален концепт за едно општество за сите врз принципите на интеркултурниот дијалог.

Вицепремиерот Битиќи оцени дека формирањето на мешовитата комисија за интеркултурализам би била клучна за размена на искуства и значително ќе придонесе за квалитетот и интензивирањето на билатералната соработка меѓу двете држави и ќе ја промовира идејата за единство во различностите и унапредувањето на човековите права, зајакнување на општествената кохезија преку која можат да се надминат специфичните, но и глобалните предизвици.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More