Home » Билјана Стефаноска е новата директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Билјана Стефаноска е новата директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

by Журнал.мк

Билјана Стефаноска ја презеде функцијата в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од нејзината претходничка в.д. директорката Јасмина Лескаровска и притоа се обврза на посветена работа, одговорност, отчетност и транспарентност, информираат од Агенцијата.

-Досегашната в.д. директорка Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и истовремено и посака успешна работа и продолжување на активностите во насока на развој на одржливиот туризам, како и унапредување и развој на севкупната туристичка понуда, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Лескаровска искажа голема благодарност за успешната соработка со македонскиот туристички сектор, Стопанската комора на Република Македонија и Швајцарските програми ИМЕ И СИППО и изјави дека се надева на продолжување на активностите од значење за туризмот во земјава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk