Home » Биг Бендот на ЗЏМ и ДЛУМ бараат да се институционализираат во 2022

Биг Бендот на ЗЏМ и ДЛУМ бараат да се институционализираат во 2022

by Журнал.мк

Круната меѓу 5 одржани концерти годинава на Биг бенд оркестарот на ЗЏМ беше настапот со американскиот џез вокалист и двоен добитник на Греми, Курт Елинг, во рамките на Џез фестивалот во Загреб. Од ЗЏМ вечерта ја опишуваат како магична, а за Елинг велат дека е скромен, но висок професионалец кој знае што сака. Сепак, на Биг бендот му е доста од шестгодишниот ентузијазам . Заради конзистентност во работата и за да се спречи 15 музичари со тутили магистри да живеат како социјални случаи, поднеле иницијатива до надлежните да делуваат под капата на државата.

ТОЈ КАДАР КАКО ШТО Е СЕГА , ТИЕ ЛУЃЕ КОГА ЌЕ СИ ОТИДАТ , НИЕ ВО ОВАА ЗЕМЈА АКО САКАМЕ ДА ИМАМЕ НЕШТО СЛИЧНО НА ОВА, ДА НЕ БИДЕ ТОА ЛАГА. ЌЕ МОРА ДА НАЈДЕМЕ НАЧИН КАКО ТИЕ ЛУЃЕ ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ ТУКА И КАКО ТИЕ ЛУЃЕ ДА ОСТВАРАТ ПРАВО НА ЖИВОТ, ПРЕД СÈ, ЗА ДА МОЖАТ ПОНАТАМУ ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО МУЗИКА, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СЗМ ГОЦЕ СТЕФКОСКИ.

И од Друштвото на ликовни уметници на Македонија, кое годинава со изложба од 292 дела , одбележа 75 години постоење, бараат да се институционализираат, за да опстанат. Дополнителен проблем им е недостатокот на простор за изложби, па јубилејната ја поделија во галериите на Чифте амам и во Мала Станица. Недостатокот на изложбен простор генерира долгови од изнајмувањата со години, вели претседателот на ДЛУМ.

ДРУГО Е КОГА ДЛУМ ЌЕ ИМА СОПСТВЕН ПРОСТОР, КОЈ ШТО ГО ЗАСЛУЖУВА И ТРЕБА ДА ГО ИМА. АКО ОСТАНЕ ВАКА НЕЗАШТИТЕН ОД ДРЖАВАТА, СТРАТЕШКИ ЗБОРУВАМ, ЗА ДЛУМ ЈАС ПРЕДВИДУВАМ ДЕКА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ОПСТОИ ПОВЕЌЕ. ДЛУМ ТРЕБА ДА БИДЕ ПОД КАПА НА ДРЖАВАТА, ДЕФИНИТИВНО. ЗАТОА ШТО САМАТА БРОЈКА 75-77 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО, ГОВОРИ ДЕКА ДЛУМ Е ГЛАВЕН ДВИГАТЕЛ НА ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ ВО НАШАТА ДРЖАВА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДЛУМ ФИЛИП ФИДАНОВСКИ.

Актерката Дарја Ризова блесна во улогата на помалата сестра Маша, во претставата „ Нема да биде крај на светот“, која МНТ ја реализира во копродукција со Воениот театар од Сараево и со продукцијата „ Перипетија“. Претставата освои 4 награди на фестивалот во Живинице, меѓу кои една отиде кај Дарја. Таа посакува во 2022 повеќе да игра пред публиката зашто пандемијата го спречува тоа.

СО ЦЕЛАВА СИТУАЦИЈА СО ПАНДЕМИЈАТА, СО ЦЕЛАТА МИНЛИВОСТ, СУРОВОСТ И ГРУБОСТ НА ЖИВОТОТ, КАДЕ ШТО НЕДОСТАТОКОТ НА ЕМПАТИЈА И БОЦКАЊЕ НА ОНИЕ МЕСТА КАДЕ ШТО СМЕ ЧУВСТВИТЕЛНИ И ИЗЛЕГУВАЊЕ НА СИТЕ МАТНИ ВОДИ НА ПОВРШИНА, ЈАС МОЖАМ ДА КАЖАМ ДЕКА ОВИЕ СЕ РЕТКИ СРЕЌНИ МОМЕНТИ КОГА МОЖЕМЕ ДА ИГРАМЕ, ДА СОЗДАВАМЕ И ДА БИДЕМЕ ЗАЕДНО. И ЈАС СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ОД ЈАНУАРИ, ФЕРВУАРИ НИЕ ЌЕ МОЖЕМЕ ДА СИ ГИ ВРАТИМЕ НАШИТЕ ПРЕТСТАВИ. ПУБЛИКАТА Е ЖЕЛНА ЗА ТОА, ИСТО И НИЕ, ВЕЛИ ДАРЈА РИЗОВА- НАГРАДЕНА ЗА АКТЕРКАТА ИГРА НА „ЖИВИ ФЕСТ“.

А, писател Стефан Марковски, кој годинава го објави својот трет роман „ Анатомија на бумбарот“, чиј англиски превод еден период беше највисоко рангиран според продажбата на Амазон во селекцијата Киндл, очекува системска подршка за домашната литература, следната година.

ДА СЕ ПОТПОМОГНЕ ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА И МОЖЕБИ Е ДОБРО ДА СЕ РАЗМИСЛИ И ДА СЕ РАЗВИЕ ЕДНА ДОЛГО САМО РАЗВИВАНА ИДЕА ЗА АГЕНЦИЈА ЗА КНИГИ, ВЕЛИ СТЕФАН МАРКОВСКИ, ПИСАТЕЛ И УРЕДНИК НА СПИСАНИЕТО „СОВРЕМЕНОСТ“.

Марковски кој е уредник на најстарото списание за литература „ Современост“, ја оценува 2021 како година на раздвижувања на нашата литературната сцена, со појава на книги во различни родови и жанрови.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More