Усик на прагот на пензија: последен меч на Вембли?
Украинскиот боксер Александер Усик е еден од оние атлети кои ќе останат запаметени во историјата на боксот. Како апсолутен светски шампион во лесна и тешка категорија, тој сега размислува за својата иднина, а можеби и за пензија.
Неговиот настап против британскиот боксер Даниел Дубоа, планиран за 19 јули на Вембли, би можел да биде последниот во неговата богата кариера. Сè укажува на тоа дека великанот на рингот ќе ги окачи ракавиците за навек. Пред некое време, Усик ја прекина соработката со својот долгогодишен менаџер Алекс Красјук, кој ја мавташе неговата кариера од самиот почеток.
„Оваа разделба со истакнатиот менаџер може да значи дека Усик размислува за пензија по мечот против Дубоа,“ изјави новинарот Гарет А. Дејвис.
Иако Усик не се огласуваше во јавноста по оваа тема, пред неколку месеци сподели свои размислувања за можната пензија. Се чини дека завршувањето на неговата кариера е во блиска иднина.