Home » Бежоска: Денарот е стабилен, девизните резерви се зголемени

Бежоска: Денарот е стабилен, девизните резерви се зголемени

by Журнал.мк

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Според неа, ова се поволни трендови коишто говорат за натамошно јакнење на општата макроекономска политика и стабилноста на домашната валута.

-Причините се поповолните надворешни случувања, особено во сегментот на странските директни инвестиции, коишто за првата половина од годината изнесуваат 500 милиони евра, но ова покажува дека се стабилни и очекувањата на домашните економски субјекти“, посочила гувернерката во интервјуто за Гласот на Америка.

Зборувајќи за инфлацијата, Ангеловска-Бежоска истакнала дека во светски рамки и кај нас, сведочиме за постабилни инфлациски движења, односно стабилизирање на инфлацијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk