Амбасадорите на државите членки на ЕУ постигнаа вечерва договор за заклучоците на Советот на ЕУ.
Како што објави Унгарија, која до крајот на годината претседава со ЕУ, одлуката практично е голем успех кој ќе значи силен поттик за проширувањето на Западен Балкан и за наредните години.
Советот на Европа усвои и заклучоци за зајакнување на надворешните и внатрешните врски во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.
„Овие заклучоци ја потврдуваат непоколебливата посветеност на ЕУ за заштита на своите граѓани и решавање на новите безбедносни предизвици.Текстот ја нагласува важноста на соработката за обезбедување на побезбедна и посигурна Европа“, стои во заклучоците на Советот на Европа.