Home » Без вода дел од Центар, со намален притисок Карпош 3

Без вода дел од Центар, со намален притисок Карпош 3

by Журнал

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска без вода ќе бидат жителите на Маџир Маало и корисниците од улицата „11 Октомври“ во Општина Центар, а со намален притисок ќе бидат жителите од населба Карпош 3.

Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100 мм на кеј „13 Ноември“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.

Поради уличен дефект од ф – 100 мм на ул. „11 Октомври“ бр. 25 – во близина на Осигурување Кјуби Македонија, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. „11 Октомври“.

Поради дефект на улична цевка ф-400мм на бул.„Илинден“ бб спроти БМВ сервисот со намален притисок ќе бидат жителите од населба Карпош 3. Од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More