УЈП ја зајакнува даночната дисциплина. Касата на Управата е стабилна вели директорката на оваа институција Елена Петрова. Заклучно до вчера во УЈП се собрани речиси 1,9 милијарди евра по основ на даноци. Речиси целосно е наплатена предвидената сума за 11-те месеци.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска вели дека е можно и јавниот долг да биде и помал од планираните 62,7% од БДП.
Аналитичарите препорачуваат Владата да троши и да го стимулира развојот за време на криза, а да намали со субвенциите и помошта кога на економијата и оди добро. 2025-та година, според нив, ќе биде пресудна. Аналитичарите препорачуваат не само фискална консолидација, туку и поструктурна реформа на буџетот, особено во делот на плаќањата.
Аналитичарите на дискусијата за фискалните политики и одржливиот раст, посочија дека Владата мора да спроведе структурни реформи, за економијата да достигне раст од 4 и пол отсто.
Македонската економија во просек остварува годишен раст од едвај 2,2% во последниве 30 години. Просекот од најуспешните години, ако не се земат в предвид пандемиските години е едвај 2,6%.