Откако беше донесе одлука на Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија, да нема публика на натпреварите од Првата лига (17. и 18. коло), а на барање на Министерството за внатрешни работи, истата мерка ќе се применува и во Втората лига.
Ова ќе значи дека натпревари од последното есенско коло односно 15-тото коло во Втората македонска фудбалска лига ќе се одиграат без присуство на публика.
Во вторникот се одиграа натпреварите од 17. коло на Првата лига без присуство на публика, а истото ќе се примени и за последното есенско 18. коло.
Есенската полусезона и во Прва и во Втора лига ќе се заврши пред празни трибини.