Ако во минатото на Скопскиот атлетски маратон ги гледавме Супермен и Аквамен, оваа година на целта „слета“ Бетмен, во својот традиционален костум, само без Робин. Беше прекрасно да се гледа колоната среќни тркачи, меѓу кои најмногу беа тие што сакаа да се забавуваат.
Па така, годинава имавме и такви што повеќе сакаа да да се забавуваат и да бидат во присувство на извонредните маратонци наместо да трчаат. Сето тоа е донекаде и нормално кога во близина има многу фоторепортери кои несомнено го ловат секој интересен момент на маратонот.