Летонскиот репрезентативец Дејвис Бертанс договорил соработка со Дубаи. засилување. Како што пренесуваат европските медиуми, Летонецот кажал „да“ и останува само да се завршат техничките работи.
Бертанс во овој преоден рок беше поврзуван со Партизан и со Голден Стејт Вориорс, а на крајот се одлучи за богатиот клуб од Обединетите арапски емирати.
Дубаи меѓу другите ги донесе Немања Дангубиќ, Данило Андушиќ, Леон Радошевиќ, Клемен Препелиќ, а тренер е Јурица Големац. Бертанс во својата кариера настапуваше за Рига, Олимпија Љубљана, Партизан, Басконија, а потоа играше во НБА за Сан Антонио, Вашингтон, Далас, Оклахома и Шарлот.