Home » Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

by Журнал.мк

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,125 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,170 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,517 отсто, кај дизелот за 0,216, кај екстра лесното масло за 0,542 и кај мазутот за 2,048 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,2235 отсто.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More