Home » Бени Шаќири е назначен за нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ)

Бени Шаќири е назначен за нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ)

by Журнал

По долго натегање, музичарот Бени Шаќири конечно е назначен за нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), неофицијално пренесува „Фокус“.

Покрај Шаќири, кандидатури поднеле и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата лани во јануари.

Уште лани во јануари објави дека актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска го разрешила тогашниот директор на Младинскиот културен центар, Ванчо Богоев, кој пак во изјава за „Фокус“ тврдеше дека трпел закани и уцени, тогаш на површина исплива дека главната причина за неговото разрешување е затоа што не потпишал вработување за Бени Шаќири.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More