Home » Бен Афлек на мака – им се жалел на пријателите од Џенифер!

Бен Афлек на мака – им се жалел на пријателите од Џенифер!

by Lina Muslija

Бен Афлек наводно се плаши дека Џенифер Лопез ќе му ја уништи кариерата. Според извор близок до актерот, тој мисли дека згрешил што се вклучил во филмот на неговата сопруга „This Is Me… Now“. Станува збор за нејзиниот биографски филм кој е инспириран од нивното помирување.

Инсајдер за списанието Heat изјавил дека Афлек не е премногу воодушевен од филмот. “Постои многу реален ризик овој филм да не ја добие реакцијата на која се надеваше. Бен се жалел на пријателите дека ова може да заврши како “Gigley 2.0″. Тој е особено засрамен поради неговата кариера”, изјавил тој.

Проблеми во бракот!?

Инаку, романтичната комедија „Gigley 2.0“ од 2003 година, во која Бен Афлек и Џенифер Лопез првпат се сретнаа и соработуваа, не се прослави на благајните, а критичарите го нарекоа најлошиот филм на векот.

Да потсетиме, популарната двојка ја обнови својата романса во 2021 година по речиси две децении од раскинувањето на првата свршувачка, а следната година се венчаа. Сепак, во последната година папараците често ги фотографираат нерасположени, па се сомнева дека имаат проблеми во бракот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More