Home » Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс објави дека ја завршува кариерата на 38-годишна возраст. dobivaj vesti na viber Мертенс ги помина последните три сезони во Галатасарај, а славата ја стекна во дресот на Наполи, каде што играше девет години. Токму во Неапол изгради пријателство со Марек Хамшик, а натпреварот кој ќе се одигра во чест словачкиот фудбалер ќе биде последен за Мертенс. Станува збор за ревијален натпревар во Братислава. „Едвај чекам да го одиграм последниот натпревар со тебе. Престанав да играм фудбал, но за последен пат ќе ги облечам копачките за тебе. За мене, ти секогаш ќе бидеш капитенот и најсилниот човек со кој некогаш сум играл“, рече Мертенс во видео порака. Мертенс постигна 135 гола на 397 натпревари за Наполи.

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс објави дека ја завршува кариерата на 38-годишна возраст. dobivaj vesti na viber Мертенс ги помина последните три сезони во Галатасарај, а славата ја стекна во дресот на Наполи, каде што играше девет години. Токму во Неапол изгради пријателство со Марек Хамшик, а натпреварот кој ќе се одигра во чест словачкиот фудбалер ќе биде последен за Мертенс. Станува збор за ревијален натпревар во Братислава. „Едвај чекам да го одиграм последниот натпревар со тебе. Престанав да играм фудбал, но за последен пат ќе ги облечам копачките за тебе. За мене, ти секогаш ќе бидеш капитенот и најсилниот човек со кој некогаш сум играл“, рече Мертенс во видео порака. Мертенс постигна 135 гола на 397 натпревари за Наполи.

by Lina Muslija

Српскиот голман Филип Станковиќ официјално стана член на Венеција, која го откупи неговиот договор од Интер.

Станковиќ ја изминатата сезона ја мина во Венеција како позајмен играч, а клубот одлучи да ја активира откупната клаузула, која изнесува два милиони евра.

Синот на Дејан Станковиќ потпиша договор до 2029 година. Пред Венеција, Интер го позајми 23-годишниот голман на Волендам и Сампдорија.

Следната сезона, Станковиќ ќе брани во Серија Б, бидејќи минатата сезона клубот го зазеде претпоследното место во Серија А и испадна од лигата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk