Home » Белгија го презема претседателство со ЕУ

Белгија го презема претседателство со ЕУ

by Журнал

Белгија денеска го презема претседавањето со Советот на ЕУ и во следните шест месеци ќе работи на подобра заштита на европските граѓани, зајакнување на соработката и подготовка за заедничка иднина.

За време на своето претседавање, Белгија ќе се фокусира на шест тематски области и ќе посвети особено внимание на одржувањето на непоколебливата поддршка на ЕУ за Украина, се наведува на веб-страницата на претседателството со Унијата.

Претседателството ќе работи на одбрана на владеењето на правото, демократијата и единството на ЕУ, зајакнувањето на конкурентноста на блокот, зелената и правична транзиција, зајакнувањето на социјалната и здравствената агенда, заштитата на луѓето и границите, како и промовирање на глобална Европа.

Ова е тринаесетто ротирачко претседателство на Белгија со ЕУ.

За време на белгиското претседателство, на почетокот на јуни ќе се одржат европските избори.

Како што е наведено во програмата, со оглед на тоа што сегашниот институционален циклус на ЕУ се ближи кон крајот, белгиското претседателство ќе поддржи непречена транзиција кон следниот циклус. Претседателството ќе го поддржи усвојувањето на Стратешката агенда 2024-2029 година и ќе подготви дискусии за иднината на ЕУ, пренесува Бета.

Белгија на крајот на јуни ќе и го предаде претседавањето со ЕУ на Унгарија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More