Второлигашот Беласица за продолжението од сезоната се засили со Еди Мандак, кој во Струмица доаѓа од редовите на Брегалница.
Мандак кој е роден 2005 година се очекува да биде освежување во редовите на Беласица, каде ќе бара поголема минутажа која не ја доби во Брегалница.
Струмичката фудбалска гордост го засилува нападот со млад и надежен играч, кој треба да биде одлично засилување во нападот.
Беласица сезоната ја старуваше со пораз од Арсими во Гостивар од 4:2, а потоа со Вардар во Неготино ремизираше играјќи 2:2. Во рамки на 3. коло Беласица на домашен терен ќе игра со Охрид, во вечерен термин од 20 часот.