Home » „Бекстејџ“ со уникатна циркуска журка го прослави 17. роденден

„Бекстејџ“ со уникатна циркуска журка го прослави 17. роденден

by Lina Muslija

Со голема забава на отворено многу домашни гости од естрадниот и јавниот живот, најгледаниот и најдолговечен естраднен ТВ магазин„Бекстејџ“, го прослави синоќа 17-от роденден. По традиција, освен добра забава, гламур, муабет и дружење, беа доделени награди во повеќе категории.

Црвениот килим овој пат распослан по должината на „Мостот на цивилизациите“ попознат како „Око“, а  очите на присутните повеќе или помалку познати личности полни со циркуска глетка.

Или поточно циркуска атмосфера, која домаќините сакале да ја доловат како дел од стартот на забавата. Кловнови, танчери, мажоретки, марионети, палјачи, пантомимичари, костимирани секси убавици… Бал под маски за добредојде со пуканки и вино. Зашто „17 години гледавме циркус на нашата естрада“.

Ева јакимовска, главен и одговорен уредник на „Бекстејџ“

На сцената се доделуваа „Бекстејџ“ наградите во различни категории… Од највлијателни инфлуенсери, до најпопуларни поткастери, хит песни, пејачи,  групи, најуспешна бизнис жена на годината, жена – борец, естрадни фаци…

Од  Влатко Лозаноски, ДНК и Наум Петрески, Слаткаристика, Стојне Николова, па се до Мартија Станојковиќ, Ивона Јо,  и повратникот од Канада, Јован Јованов… до водителот Ненад Георгиевски за фајронт!

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk