Home » Бекам и Невил останаа единствени сопственици на англискиот четвртолигаш, најавуваат добри денови

Бекам и Невил останаа единствени сопственици на англискиот четвртолигаш, најавуваат добри денови

by Lina Muslija

Поранешните англиски репрезентативци и некогашни соиграчи во Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам и Гери Невил, официјално го купија фудбалскиот клуб Салфорд Сити, кој моментално се натпреварува во англиската Лига два, четврто по ранг натпреварување во Англија, пренесува „Атлетик“.

Оваа аквизиција е дел од поширок план за развој на клубот, спроведен преку нов инвестициски конзорциум. Конзорциумот, предводен од Бекам и Невил, најави значителни вложувања за унапредување на клубот како на теренот, така и надвор од него.

Инаку, Бекам и Невил веќе беа делумни сопственици на Салфорд, заедно со останатите поранешни ѕвезди на Јунајтед, Ники Бут, Рајан Гигс, Фил Невил и Пол Сколс. Сепак, овие фудбалери неодамна го продадоа својот удел во клубот.

Откако главниот инвеститор Питер Лим се повлече од сопственичката структура во 2024 година, Бекам и Невил интензивно бараа нови партнери со капацитет да го однесат Салфорд на повисоко ниво.

На крајот, соработката се реализира со Деклан Кели, основач на американската консултантска компанија „Консело“.

Бекам и Невил ќе бидат ко-претседатели на управниот одбор на клубот, со јасна цел да изградат стабилна иднина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk