Home » „Бехтел и Енка“ немаат добиено ни денар оваа година за автопатиштата

„Бехтел и Енка“ немаат добиено ни денар оваа година за автопатиштата

by Журнал.мк

„Бехтел и Енка“ продолжуваат со подготвителните работи на трите автопатски делници, но за оваа година од државата немаат добиено ниту денар. Тоа се наведува во последниот отчет на американско-турскиот конзорциум за сработеното во јули.

Во него пишува дека конзорциумот не добил пари во текот на 2024 година како што е договорено, а нема ниту добиено објаснување за причината од страна на Државни патишта. Последната трансакција Министерството за транспорт и врски ја направи во последните два работни дена од минатата година кога на ЈПДП му исплати 43 милиони евра.

Во текот на минатата година вкупно беа исплатени околу 240 милиони евра.

„Ова е особено значајно бидејќи проектот предвидува исплати од околу 250 милиони евра само за оваа година До овој момент, нема префрлена ниту една транскација за оваа намена, што отвора прашања за финансиската стабилност на проектот и можноста за идни доцнења. Претпријатието за државни патишта и понатаму нема објавено конкретни причини за доцнењето на средствата, а проектот се наоѓа во критична фаза на изградба“ се наведува во извештајот.

„Ова сугерира дека изведувачот работи на свој ризик, што е невообичаена пракса во проекти од ваков обем. Останува нејасно дали и кога ќе се реализираат потребните исплати од државниот буџет, што би овозможило непречено продолжување на проектот“, се наведува во Извештајот.

„Во периодот јули 2024 година, изведувачот продолжил да врши работи главно за експропријација, геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации и мобилизациски работи, како и градежните активности главно за земјени работи и конструкции“, се вели во месечниот отчет на надзорот.

Во извештајот може да се види дека се работело на изградба на камп за работници и дека се врши ископ на градежен материјал, се чекаат и документи за урбани проекти од општините Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола. Се споменува дека во тек е и геодетското координирање и мапирање, што според изведувачот е при крај, а поголемиот дел од работата на испитувањето на почвата бил завршен. Се осмислувал и дизајнот на придружните елементи како мостови, вијадукти, надвозници и потпорни ѕидови. Се вршело и отстранување на старата инфраструктура и се барале неексплодирани средства од минатите војни. Според отчетот, се внимавало и на животната средина. На крајот на јули биле ангажирани 1.389 работници и 658 градежни машини.

Геотехничките истражувања се завршени со 88 отсто на делот од Тетово до Гостивар, 65 отсто од Гостивар до Букојчани и 57 отсто од Пилеп до Битола. Но проектирањето на трите делници е под 50 отсто.

Земјените работи најмногу се одвиваат на втората делница, од Гостивар до Букојчани, на повисок планински терен. До крајот на јули 2024 година, извршен е ископ на 310.000 м3.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk