Home » Бебето со скршена рака ќе заздрави без последици

Бебето со скршена рака ќе заздрави без последици

by Журнал

Без поголеми последици и инвалидитет ќе помине бебето кое во текот на породувањето добило скршеница на рака на скопската Клиника за гинекологија. Директорката на Клиниката Викторија Јовановска денеска изјави дека раката е имобилизирана и дека бебето и мајката наскоро ќе бидат пуштени дома.

-Бебето нема да има никаква последица. Вчера му е поставена имобилизација и нема да има никаква последица. Ова се случува како компликација при попречна презентација на плодот. Формиравме комисија за да се испитаат сите околности. На почетокот по пораѓањето, отокот не бил видлив. Но, вчера изутрина кога забележале дека на раката има оток, направија рентген снимка и видоа дека има фрактура. Тоа не е честа компликација, но сепак е компликација која може да настане кога плодот има попречна презентација. На почетокот детето имало пареза на раката. Постојат парези кои во првите 24 часа спонтано поминуваат и чекавме да видиме дали е тоа. Бебето е сега имобилизирано и мајката го гледа. Може да ја испишеме од болницата утре заедно со бебето, изјави за „Слободен печат“ доктор Јовановска.

Родилката Анета Дамјановска и нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски, за медиумите тврдеа дека не им било дозволувано на ГАК да си го видат бебето и дека им криеле дека бебето имало скршена рака. Таткото истакна дека го избркале од ходникот на болницата. Директорката Јовановска вели дека бил агресивен и морало да се интервенира во интерес на другите пациенти и редот и мирот во болницата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More