Home » Беќири: Дуелите со Вардар ми се лесни за подготовка, некои доаѓаат само да провоцираат!

Беќири: Дуелите со Вардар ми се лесни за подготовка, некои доаѓаат само да провоцираат!

by Lina Muslija

Екипата на Шкендија полесно од очекуваното славеше на големото дерби со Вардар со 4-0, во осмата рунда во Првата македонска фудбалска лига. Во натпревар со многу тензии и прекини тетовчани во целост го надиграа противникот, а тренерот Јетон Беќири истакна дека нему како тренер никогаш не му било тешко да го подготви својот тим за натпревар со Вардар.

„Мислам дека одигравме многу добар натпревар. Тотална доминација од почеток до крај. Важно е што не ризикувавме  и што не примивме гол. Можеби можевме да постигнеме уште некој гол, но генерално задоволен сум од тоа како го менаџиравме натпреварот. Натпреварите против Вардар за мене како тренер се многу лесни за подготовка и од аспект на мотивација и од аспект на извлекување максимум од играчите.

Тренерот на Шкендија ја коментираше и поддршката од навивачите, како и инцидентот што се случи во самиот финиш.

„Се знае дека нашата публика е извонредна, и „Балистите“ и останатата публика. Сепак, има ситуации кога во одредени моменти би требало да бидат посмирени бидејќи има некои типови на противници кои доаѓаат само да провоцираат“.

Вардар победа над Шкендија чека уште од 2017 година, а доколку нема посериозни промени во иднина, тешко веројатно дека и оваа сезона ќе успее да слави над големиот ривал.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk