Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, на 10 јануари ќе нема кој да работи во државата, напиша вчера на својот фејсбук-профил д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија
„Изолацијата на контактите при вака раширен омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост. Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена. Почитувани граѓани ако денес имавме 1.197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште 5.000 кои се самотестирани и 25.000 недијагностицирани.
Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8 Март ќе може пак да играте чочеци“, напиша вчера Беќаровски.