Министерот за спорт Борко Ристовски денеска, заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, и економскиот оператор, го означи продолжувањето на изградбата на базенот во овој град – проект кој од претходната власт со години беше заглавен и оставен недовршен.
Со овој чекор, Министерството за спорт го исполнува ветувањето дека ќе работи на доградба и финализација на базените кои со години беа оставени како ругло во неколку општини. Овој приоритетен проект кој е дел од стратегијата на Министерството за спорт за подобрување на спортска инфраструктура во 2025 година, сега добива конкретна реализација.
-Со конкретни дела покажуваме дека доколку постојат капацитет, желба и добра соработка, сите предизвици можат да се надминат. Благодарност до сите кои се дел од овој процес – се гледаме на свеченото пуштање во употреба во јуни – изјави министерот Ристовски.