Home » Базенот во рамките на Спортскиот центар (СЦ) „Борис Трајковски“ во Скопје е затвпрен по велигденските празници

Базенот во рамките на Спортскиот центар (СЦ) „Борис Трајковски“ во Скопје е затвпрен по велигденските празници

by Журнал.мк

Базенот во рамките на Спортскиот центар (СЦ) „Борис Трајковски“ во Скопје е затвпрен по велигденските празници откако на плочките паднала лајсна од таванот. Раководството на базенот го затвори објектот за посетители и за пливачките клубови и во наредниот месец и пол ќе се врши санација.

Како што вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Даниел Апостоловски, немало опасност во моментот кога паднала лајсната оти немало посетители во базенот, ниту пак таа може да предизвика сериозни повреди. Вели дека проблемите се појавиле бидејќи реконструкцијата во 2010 не била целосна.

„Веднаш повикавме професори од Градежниот факултет кои извршија увид на целиот објект. Беше заклучено дека челичната носечка конструкција е добра, но бидејќи реконструкцијата не била целосна, односно не била согласно проектот, се појавуваат овие проблеми. Договоривме во наредниот месец и пол Градежниот факултет да го санира долниот внатрешен дел и да се постави заштитна мрежа. Со тоа, во текот на летото базенот ќе може да работи. А потоа, пред Нова година ќе извршиме целосно реконструкција на базенот и тогаш ќе биде затворен подолго време“, вели Апостоловски.

Базенот беше реновиран во 2010 кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, а директор на објектот беше Ратко Капушевски. Капушевски од минатиот месец е во притвор за случајот за злоупотреби во набавки на мазут и перење пари, со што е оштетен буџетот на државата за 167 милиони евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk