Ранџит Синг од Лестер во Велика Британија е еден од возачите кои го доживеале ова.
Синг купил 2014 E300 BlueTec Hybrid од дилер на Mercedes за 27.000 фунти пред четири години, поттикнат од заштедата на гориво и помалите емисии на CO2. Станува збор за модел кој го придвижува 2,1-литарски 4-цилиндричен дизел мотор од 210 КС во комбинација со електромотор од 27 КС и секако придружната батерија.
Автомобилот со 78.400 поминати километри работеше добро до оваа година, пренесува LeicestershireLive, пред с да тргне наопаку. Не е познато кои симптоми го натерале Синг да го однесе својот хибриден Mercedes во овластен сервис, но кога го направил тоа, му било кажано дека батеријата го завршила својот животен век по осум години работа.
Синг тврди дека дилерот му понудил нова батерија за 15.000 фунти, но таа цена не ги вклучува трошоците за работна сила од 200 фунти на час. Притоа, не станува збор за батерија од 80 kWh како кај електричните автомобили, единицата од 0,8 kWh во Mercedes W212 E300 BlueTec Hybrid е со иста големина како и обичен акумулатор за автомобил.
„Јас сум ужаснат од она што се случи“, рече Синг, долгогодишен сопственик на Mercedes. „Чувствувам дека сега имам само две опции – да фрлам автомобил стар осум години, или да потрошам повеќе отколку што вреди, а вреди околу 13.000 фунти.
Синг изјави за LeicestershireLive дека бил кај експерт за хибриди кој му рекол дека поевтина поправка не е достапна, но две половни батерии достапни за 800 фунти може да се најдат на eBay во ОК.
Mercedes UK изјави за LeicestershireLive дека не може да коментира за случајот без сопствена истрага, но рече дека клиентите биле информирани за сертификатот за батеријата и дека автомобилската единица на Синг од 2014 година била покриена со стандардна граница од три години за неограничена километража.
Прегледувајќи разни форуми за Mercedes, јасно е дека овој проблем не е изолиран случај. Има многу други сопственици на E300 Hybrid со слични приказни. Гледајќи ја пошироката слика, вклучувајќи ги хибридите од сите брендови, овој вид на приказна би можел да стане почест бидејќи хибридите надвор од гаранција стануваат евтини користени автомобили. Но, само за купување, очигледно не и за поправка.