За време на репрезентативната пауза, второлигашот Башкими одигра пријателски натпревар против Работнички, и го доби со 1-0 благодарение на талентираниот напаѓач Агим Сулимани. Сулимани успеа да постигне фантастичен гол вреден победа, и со тоа се повеќе се наметнува во тимот како стандарден првотимец.
После тој прекрасен гол за него наголемо се зборува во Куманово. Башкими на свој терен сега ја чека Беласица, и тоа ќе биде одлична можност Сулимани да се покаже и докаже.
19-годишниот фудбалер потекнува од фудбалската школа на Куманово, каде почнува да тренира уште на пет годишна возраст. Потоа замина во тетовска Шкендија, а летово се врати во кумановскиот тим за да му помогне на тимот од својот роден град.