Home » Барселона нема да му прости – Лапорта планира да му го раскине договорот на Дембеле

Барселона нема да му прости – Лапорта планира да му го раскине договорот на Дембеле

by Журнал.мк

Усман Дембеле одби трансфер во последните моменти од зимскиот преоден рок и ќе остане во Барселона додека не му истече договорот ова лето. Откако одби да потпише нов договор, челниците на шпанскиот клуб му соопштија дека најдобро е да си најде нов клуб во јануари.

Иако Французинот имаше неколку понуди од Премиерлигата, а во игра беше и ПСЖ, тој на крајот реши да ги одбие понудите.

Ваквата одлука ептен ги налути челниците на Барселона, кои сега размислуваат да му го раскинат договорот на фудбалерот, пишува „Мундо Депортиво“. Тоа би значело дека Дембеле нема да може да игра фудбал до почетокот на следната сезона.

Сепак, дел од медиумите најавуваат дека Чави ќе го врати Дембеле во конкуренција за натпреварите во Ла Лига, но прашање е колку минути ќе добие. Прашање е како на сето тоа ќе реагира Жоан Лапорта, кој е крајно лут на Дембеле, кој повторно му наштети на клубот бидејќи зимава одби да си замине.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More