Барселона денеска и официјално ја претстави третата комбинација на дресови што машкиот и женскиот фудбалски клуб ќе ги носи во сезоната 2024/25.
Бојата за многумина е изненадувачка, светло зелена, но каталонците објаснија дека истата е избрана во знак на поддршка на родовата еднаквост.
„Зелената боја асоцира на надеж, повторно раѓање и почеток на нова ера. Оваа ера на еднаквост и солидарност меѓу жените и мажите е нешто што води кон светла иднина. Развојот на женскиот фудбал е очигледен, а Барселона како еден од најдобрите клубови на светско ниво е горд репрезент на се она што претставува овој спорт“, објави каталонскиот гигант.