Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди денеска беше промовиран како ново засилување на екипата на турски Бодрумспор. Тој во новата екипа доаѓа од редовите на Трабзонспор, како слободен агент.
И покрај интересот од неколку клубови од Италија, Шпанија, Англија и од Хрватска, сепак Барди се реши да остане во Турција.
Тој во минатото настапуваше за екипите на Ујпешт, Леванте и Трабзонспор.
Планот на Бодрумспор е да донесе уште 2-3 квалитетни засилувања со кои ќе брка опстанок во најсилното првенство на Турција.