Home » Барањата за онлајн настава продолжуваат пред почетокот на второто полугодие

Барањата за онлајн настава продолжуваат пред почетокот на второто полугодие

by Журнал.мк

Барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава продолжуваат и во пресрет на продолжението на учебната година кое треба да почне утре со физичко присуство на учениците. Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”, како и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ излегоа со вакви барања, по Самостојниот синдикат за образование.

Владата на 26 јануари донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците, по препорака на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави дека Министерството за здравство ќе спроведува скрининг меѓу учениците по случаен избор и дека ќе бидат преземени соодветни мерки мерки, доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град.

СОНК во четвртокот побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. И Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” соопшти дека упатила барање до Владата и до Комисијата за заразни болести за преиспитување на одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Вчера и ВМРО-ДПМНЕ побара власта да ја преиспита одлуката за започнување на второто полугодие со физички присуство „во услови кога сојот омикрон коси во државата”.

Здруженијата „Од нас за нас” и „Слобода и правда” со протестен караван со автомобили низ улиците на Струмица, вчера побараа учебната година да продолжи со физичко присуство, но без носење маски. Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата претходно достави и иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата”.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk